ПОВЕЌЕ

    Поддршка од Комерцијална банка за концертот „30 години без Фреди“

    Време зa читање: < 1 минутa

    Комерцијална банка како верен поддржувач на културата во земјава финансиски го помогна одржувањето на несекојдневниот музички настан „30 години без Фреди“. Концертот, во организација на Баги комуникации, ќе се одржи денеска во големата сала на Македонската филхармонија по повод 30 години од смртта на Фреди Меркјури, една од најголемите ѕвезди на светската музичка сцена на сите времиња.

    Хитовите на Фреди, член на култната група Квин, ќе ги изведат истакнатите македонски солисти, како Влатко Стефановски, Андријана Јаневска, Мики Јовановски Џафер, Биба Додева, Ѓоко Таневски, Ирена Димовска, Дани Димитровска, Ади Имери, Иван Кукиќ, Јан Стефановски и пијанистот Бобан Мирковски како носител на проектот.

    Поддршката на овој концерт е во исто време поддршка од Комерцијална банка и за македонската музичка сцена, која во услови на двегодишна пандемија е оддалечена од својата верна публика и ги сноси последиците од општата економска криза. Веруваме дека на овој настан подеднакво ќе уживаат и изведувачите и публиката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично