ПОВЕЌЕ

    Повеќе од 54 милиони денари приливи од камати во Сава пензиски фонд и Сава пензија плус

    Време зa читање: 2 минути

    Во периодот од 16.07.2021 до 25.07.2021 во пензиските фондови со кои управува Сава пензиско друштво а.д. Скопје пристигнати се приливи од камати во вкупен износ од 54.096.113,00 денари.

    На сметката на Сава пензиски фонд пристигнаа приливи од камати во износ од 2.151.199,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки, приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 49.024.334,00 денари и прилив од камата од инвестиции во домашни корпоративни обврзници, во износ од 960.445,00 денари.

    Во истиот овој период на сметката на Сава пензија плус пристигнаа приливи од камати во износ од 52.912,00 денари, по основ на орочени депозити во домашни банки, приливи од камати од инвестиции во домашни државни обврзници во износ од 1.166.308,00 денари и прилив од камата од инвестиции во домашни корпоративни обврзници, во износ од 740.915,00 денари.

    Овие приливи се резултат на инвестирањето на пензиските заштеди акумулирани во пензиските фондови и влијаат на остварениот принос од инвестирањето.

    Подетални информации за структурата на портфолијата на пензиските фондови можете да најдете во финансиските извештаи кои редовно се објавуваат на веб страна на Друштвото.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично