ПОВЕЌЕ

    Побрза, поедноставна и полесна постапка за донирање во Република Северна Македонија

    Време зa читање: 3 минути

    Со Уредбата за примена на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности, се олеснува постапката за донирање, така што ако се донира кон буџетски корисник со цел сузбивање на Covid-19, сега нема потреба од решение од Министерството за правда за потврда за јавниот интерес на донацијата, кое ќе се користи за даночно ослободување како резултат на донација.

    Истовремено се овозможува, за донирање кон други субјекти, кои не се буџетски корисници, постапката за утврдување на јавниот интерес односно издавањето на решението од страна на Министерството за правда да се одвива и по електронски пат. Со други зборови  целата документација која се разменува помеѓу донаторите и примателите на донации од една страна и Министерството за правда, Министерството за финансии и УЈП од друга, може да се извршува електронски. Министерството за финансии дополнително ќе објави е-маил адреса на која примателите на донации ќе ги доставуваат барањата и другите документи во електронска форма и по електронски пат.

    За целите на донирањето е уредена поедноставена процедура на известување која не се врши со документи во хартија.

    Со Уредбата за примена на Законот за данокот на додадена вредност за време на вонредна состојба пак, се уредува олеснета можност за донирање на добра и услуги од страна на правни и физички лица – регистрирани за целите на ДДВ (ДДВ обврзници), кон  буџетски корисници заради справување со коронавирусот. Прометот на донираните добра и услуги кон буџетски корисници се ослободува од ДДВ односно прометот на донираните добра и услуги кон буџетски корисник треба да се  реализира без ДДВ.

    Од ДДВ е ослободен и прометот на добра и услуги остварен од регистриран ДДВ обврзник кон буџетски корисник заради справување со Коронавирусот Covid-19, кога буџетскиот корисник за овој промет плаќа од донирани финансиски средств/ пари

    Со новата Уредба, давателите на донацијата нема да уплатуваат ДДВ за прометот на донираните добра и услуги кон буџетски корисник односно нема да бараат враќање на платениот данок на додаена вредност затоа што овој „донаторски“ промет е ослободен од ДДВ, со право на одбивка на претходниот данок.

    Од ДДВ е ослободен и прометот на добра и услуги од регистриран ДДВ обврзник кон буџетски корисник заради справување со Коронавирусот Covid-19, кога буџетскиот корисник за ова плаќа од донирани финансиски средства.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично