ПОВЕЌЕ

    Пет совети од Комерцијална банка за безбедно користење на вашите картички

    Време зa читање: 2 минути

    Секогаш имајте на ум дека плаќањето со картичките на Комерцијална банка е брзо и безбедно. Меѓутоа, не заборавајте дека не е лошо да знаете неколку совети за нивно безбедно користење. Еве неколку:

    1. Не запишувајте го ПИН кодот.
    2. Најдобро е да го запаметите и никому да не го кажувате. Чувајте ги потврдите од извршените трансакции. Доколку забележите трансакција која е погрешна или на која не можете да се сетите, јавете се во Контакт центарот за картички на (02) 3 247 474.
    3. Кога сте на банкомат, внимавајте никој да не стои преблиску до вас.
    4. Внимавајте на датумот на истекување на картичката кога тргнувате на пат. Не чувајте ја картичката блиску до готовината зашто може да ги изгубите и двете.
    5. Кога купувате од интернет, пазарете само од проверени компании кои ја имаат ознаката Mastercard SecureCode® или Visa Secure. При купувањето треба да внесете име и презиме, адреса, број на картичка, CVC код и рок на важност на картичката и запаметете: никогаш не треба да го впишувате ПИН-кодот.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично