ПОВЕЌЕ

    Охридска банка избришанa од регистер

    Време зa читање: < 1 минутa

    Охридска банка АД Скопје е избришана од Централниот регистер, објави Македонска берза.

    Во соопштението на банката доставено до берзата стои дека согласно член 33 од Правилата за котација, Охридска Банка АД Скопје ја објавува следната информација:

    -На ден 16.07.2021 година, од страна на Централниот регистар на Република Северна Македонија е донесено Решение број 35020210017402 со кое правниот субјект Охридска банка АД Скопје е избришан од регистарот, поради статусна промена и Решение бр.35020210017401 за извршен упис на промена-присоединување за субјектот Шпаркасе банка Македонија АД Скопје, стои во објавата.

    Со издавањето на горенаведените решенија е завршена постапката на регистрација на присоединување на Охридска банка АД Скопје кон Шпаркасе банка Македонија АД Скопје.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично