ПОВЕЌЕ

    Охридска банка воведе нов концепт на станбен кредит со 10 години фиксна каматна стапка од 3,5%

    Време зa читање: 3 минути

    Охридска банка го збогатува своето портфолио на производи со нов тип на станбен кредит, овозможувајќи им на своите клиенти уште поповолни услови, најдолго гарантирана фиксна каматна стапка, за првите 10 години од отплатата на кредитот, притоа обезбедувајќи едноставна и транспарентна пресметка на ратата и сигурност за клиентите на кои им е потребен кредит за недвижности.

    Новиот концепт се однесува на станбен кредит со 10 години гарантирана каматна стапка која изнесува 3,5% и е наменет за купување, изградба и реновирање на недвижен имот. По десеттата година, каматната стапка е варијабилна и се пресметува врз основа на шестмесечната стапка на Еурибор.

    Месечната рата за отплата на кредитот се дефинира од првиот ден и таа останува непроменета сè до истекот на десеттата година од отплатата. Па така, за кредит во висина од 30.000 евра и рок на отплата од 240 месеци, месечната рата во првите 10 години е загарантирана и изнесува 174 евра. Додека по десеттата година, каматната стапка е варијабилна и се пресметува врз основа на шестмесечната стапка на Еурибор. Па така, ако се земе во предвид моменталната каматна стапка од 5,80% плус шестмесечната стапка на Еурибор, ратата би изнесувала 193 евра.

    “Покрај станбениот кредит со 5 години фиксна каматна стапка, Охридска банка воведува нов концепт на станбен кредит кој нуди подолго гарантирана каматна стапка која е навистина атрактивна, во линија на пазарната понуда и нуди еден поинаков пристап кон отплатата. Со каматна стапка од 3,5% во првите 10 години од отплатата на клиентите им нудат можност уште на самиот почеток да може да ја вкалкулираат висината на ратата во нивните семејни приходи и на тој начин, многу поедноставно, транспарентно, без никакви промени во следните 10 години да го отплаќаат кредитот. Охридска банка постојано го следи трендот на каматните движења на пазарот и нуди кредитни производи кои се поволни, конкурентни и адапирани на барањата на клиентите. Дополнителни поволности нудат за клиентите кои купуваат станови од инвеститори со кои банката има соработка, за кои гарантираната каматна стапка за првите 10 години изнесува 3,4%, а клиентите се ослободени и од адиминистративни трошоци и трошоци за процена на имот”.

    Повеќе информации за станбениот кредит со 10 години фиксна каматна стапка, како и за останатите станбени кредити на Охридска банка може да прочитате на www.ohridskabanka.mk.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично