ПОВЕЌЕ

    Отпорност во тешки услови: Групацијата Триглав со добивка и „А“ кредитен рејтинг

    Време зa читање: 6 минути

    Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав го потврди ревидираниот годишен извештај на Групацијата Триглав и на матичното друштво за 2020 година. Во услови на пандемијата Ковид-19 и опкружување со ниски каматни стапки, Групацијата постигна добри резултати. Покажа отпорност и финансиска стабилност, што се потврдуваат со добиената висока кредитна оцена „А“ од страна на признатите агенции за кредитен рејтинг. Управниот и надзорниот одбор на Заваровалница Триглав на годишното собрание на акционери ќе предложат, дел од распределената добивка да се искористи за исплата на дивиденда, под услов Агенцијата за супервизија на осигурување да не се спротивстави на овој предлог до свикување на собранието. Управниот и надзорниот одбор на друштвото оценуваат дека основите за исплата на дивиденда се соодветни и во согласност со политиката за дивиденда на друштвото, и предлагаат дивиденда во износ од 1,70 ЕУР бруто по акција. Вкупниот износ за дивиденда во износ од 38.649.751,60 евра ќе претставува 53 отсто удел во консолидираната нето добивка на осигурителната компанија за 2020 година, односно 5 отсто дивиденден принос.

    Успешно работење во 2020 година. Групацијата Триглав во 2020 година оствари добивка пред оданочување во износ од 90,9 милиони евра и нето добивка од 73,7 милиони евра и го зголеми оперативниот обем на работењето со раст на премијата од 4 отсто на 1.234 милиони евра и зголемување на обемот на средства на клиентите во рамките на инвестициски фондови и во индивидуалното управување од 5 проценти, на 1.156 милиони евра.

    Нејзиното работење беше фокусирано на клиентите и во согласност со стратешките насоки. Новонастанатата состојба донесе дополнителен поттик за целокупната дигитална трансформација на работењето на Групацијата, бидејќи ги зајакна дигиталната продажба, услужните, комуникациските и дистрибутивните канали и алатки,авоедно го зголеми и дигиталното присуство.Задоволството на вработените и на клиентите, кое компанијата постојано го следи, достигна највисоко измерено ниво во 2020 година. Со своите единаесет осигурителни компании, Триглав зазема водечка позиција во регионот Адрија и е еден од водечките словенечки менаџери на средства на пазарот на инвестициски фондови.

    Финансиска стабилност. Групацијата Триглав остана соодветно капитализирана и ликвидна, што повторно е потврдено со добиената високабонитетна оценка „А“ одагенциите за рангирање на кредитен рејтинг S&P Global Ratings и AM Best. Оценките имаат стабилна прогноза на среден рок. Профилот на ризик на Групацијата не се промени значително, а адекватноста на капиталот, со вредност од 240 проценти на крајот на 2020 година, беше во целниот опсег во согласност со политиката за управување со капитал на Групацијата.

    Спроведување на политиката за дивиденда. Управниот и надзорниот одбор на Заваровалница Триглав на годинешното Собрание на акционери предлагаат исплата на дивиденда во износ од 1,70 евра бруто по акција или вкупно 38. 649 751,60 евра што е 53 отсто од консолидираната нето добивка за 2020 година, што пак е во согласност со политиката за дивиденди.

    „Ни претставува задоволство што  повторно можеме да предложиме исплата на дивиденда на нашите акционери. Нашата политика за дивиденда ја истакнавме како атрактивна за акционерите и одржлива за развојот и растот на Групацијата Триглав.На овој начин, сакаме тоа да го спроведеме и да дејствуваме во согласност со ставовите на Агенцијата за супервизија на осигурување.Врз таа основа, беше формулиран предлогот на Управниот и Надзорниот одбор, изјави Претседателот на Управата на Заваровалница Триглав Андреј Слапар.

    Групација Триглав во Северна Македонија. Групацијата Триглав во 2020 година, ја задржа водечката позиција на пазарот во Северна Македонија, обезбедувајќи бруто полисирана премија за неживотно и животно осигурување од 21 милион евра и вкупен удел на пазарот од 12,9 проценти, што е за 1 процентен поен помалку во споредба со минатата година. Триглав Осигурување, Скопје останува лидер на македонскиот пазар за неживотното осигурување со учество од 14,8 проценти, додека Триглав Осигурување Живот, Скопје, значително ја зголеми својата премија и двојно го зголеми уделот на пазарот за животно осигурување на 3,6 отсто.

    Триглав пензиско друштво, кое со работа започна во 2019 година, ја заврши 2020 година со двојно поголем износ на средства во управување во споредба на претходната година. Компаниите на Групацијата Триглав во 2020 година работеа добро, внимателно следејќи ги стратешките насоки на Групацијата и успешно се носеа со предизвиците од вонредната состојба со пандемијата.

    „2020-та беше година полна со предизвици и неизвесности, кои продолжија и во 2021 година. На почетокот на пандемијата, ја подигнавме агилноста на уште повисоко ниво, прилагодувајќи го начинот на кој работиме брзо и ефикасно во согласност со условите на пазарот а тоа сигурно ќе продолжиме да го применуваме и оваа година.Нашиот фокус се клиентите со кои градиме однос на доверба, а нивното задоволство и лојалност ги обезбедуваме преку соодветно прилагодени осигурително решенија и висококвалитетни услуги. Долгорочната профитабилност во работењето и зголемувањето на вредноста на компанијата и на Групацијата се цели со кои што ја обезбедуваме потребната сигурност на клиентите, вработените, акционерите и соработниците. Нашите конкурентски предности и внимателно одбраните вредности, ги користиме со цел да ја задржиме цврстата водечка позиција на полето на неживотните осигурувања и да обезбедиме раст во другите сегменти на осигурување, а како Групација сме единствени на пазарот кои можеме да понудиме квалитетни консолидирани решенија на подрачјето на имотното, здравственото, животното и пензиското осигурувањеизјави во оваа прилика Главниот Извршен директор на Триглав Осигурување,  Ѓорѓе Војновиќ.

    Годишниот извештај е посветен на исклучителната посветеност и солидарност на вработените во Групацијата Триглав, а покрај постигнатите резултати ги преставува и нивните впечатоци и сведочења. Насловот „Заедно сме. Во секој момент.“ ја сумира интерната поврзаност на Групацијата, вклученоста во заедницата и градењето на долгорочни односи со акционерите. Тие се основа за имплементација на принципот за одржливо работење, на кое компанијата формално се обврза при крајот на годината, со усвојување на Обврските за одржливост. Групацијата со години ги следи принципите на интегрирано известување. Ги дефинира индикаторите за одржлив развој според меѓународниот стандард GRI GS и ги поврзува со Целите за одржлив развој на Обединетите нации (SDG).

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично