ПОВЕЌЕ

    Отворен оглас за вработување во Стопанска банка АД Скопје

    Време зa читање: 4 минути

    Стопанска Банка АД Скопје, членка на  НБГ групацијата објавува оглас за вработување на Брокер во Дирекција за работа со хартии од вредност и брокерско – посреднички услуги ВО Сектор за средства и ликвидност.

    Стопанска банка АД – Скопје е Банка со најдолга традиција на македонскиот пазар. Основана како првата банка во државата во 1944 година, Стопанска банка ги постави темелите за банкарското работење и сѐ уште претставува лидер во развојот и во спроведувањето на најсовремените финансиски производи и услуги за населението и за правните лица што работат во Македонија, остварувајќи притоа одлични резултати благодарение на високото ниво на професионалност и усвоените европски принципи на работа.
    Стопанска банка АД – Скопје нуди универзални банкарски услуги, вклучително и услуги со хартии од вредност преку Дирекција за работа со хартии од вредност и брокерско – посреднички услуги. Банката е еден од првите овластени учесници на пазарот со хартии од вредност и е една од најстарите членки на Македонската берза АД Скопје и Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје. Благодарение на стручниот тим и долгогодишното искуство на пазарот на капитал, Дирекцијата постигнува врвен квалитет во своите услуги и за индивидуалните и за правните лица, инвеститори во хартии од вредност.

    За работното место Брокер, од банката повикуваат да аплицираат заинтересирани кандидати кои треба да ги исполнуваат следните квалификации:
        ВСП – Економски факултет
    •    Положен стручен испит за работа со хартии од вредност – брокер
    •    Напредно познавање на англиски јазик
    •    Напредно познавање на MS Office
    •    Претходно работно искуство во областа на пазарот на капитал и работа со хартии од вредност ќе се смета за дополнителна предност
    •    Поседување на дополнителни сертификати и стручна надградба од областа на работа со хартии од вредност, ќе се смета за предност
    Доплнително, кандидатот треба да ги поседува следните лични карактеристики:
    •    Комуникациски способности и вештини за преговарање со постоечки и потенцијални клиенти – инвеститори
    •    Динамична екстровертна личност со способност за преземање на иницијативи
    •    Одговорност и способност за тимска работа
    •    Способност за брзо донесување на одлуки и афинитет кон тргување на берза
    •    Брз, точен и аналитичен пристап во работењето
    •    Висок личен интегритет, деловен и професионален однос
    •    Подготвеност за учење на нови вештини и стручна надградба
    Работни задачи и очекувања:
    •    Прием на клиенти и налози за купување и продавање на хартии од вредност на овластена берза
    •    Континуирана комуникација со клиенти резиденти и нерезиденти, физички и правни лица;
    •    Тргување со хартии од вредност по налог и за сметка на клиентите
    •    Познавање, почитување и континуирано следење на законската и подзаконската регулатива во доменот на пазарот на капитал и банкарското работење
    •    Комуникација со филијалите на Банката ширум земјата, кои вршат прием клиенти заинтересирани за инвестирање на берза
    •    Информирање на клиентите за пазарните случувања на пазарот на капитал и корпоративните настани
    •    Останати задачи поврзани со делокругот на работа (изработка на финансиски извештаи, анализи, предлози итн.)

    Предвидено е работно време од 8 часа дневно или 40 часа неделно. Работното време е со почеток од 8.00ч до 9.00ч и крај од 16.00ч до 17.00ч. Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина, дополнителна обука и можности за стручно усовршување и професионален напредок на своите вработени.

    Од Банката замолуваат, Вашето CV (кратка биографија) на англиски и македонски јазик да го доставите најдоцна до 20. 6. 2021 година, онлајн преку апликацијата за пројавување интерес, преку e-mail: [email protected] или во седиштето на Банката на ул. 11 Октомври, бр. 7, 1000 Скопје со назнака за работно место за кое аплицирате. Лице за контакт, Даниела Радевска, тел.02/3295-277

    Банката ќе изврши избор во законскиот рок, согласно бројот на пријавени кандидати.

    Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју, стои во објавата на банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично