ПОВЕЌЕ

    Отворениот доброволен пензиски фонд Сава пензија плус ги намали надоместоците

    Време зa читање: 2 минути

    Како дел од континуираните заложби за исполнување на нашата мисија за обезбедување на финансиска сигурност и одржлива иднина за нашите членови, нашите вработени, нашите партнери и нашите сопственици, Сава пензиско друштво а.д Скопје Ве известува за намалување на надоместокот од уплатени придонеси и на месечниот надоместок од нето средствата на пензискиот фонд кои ги наплатува кај Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус.

    Од 01.05.2021 година висината на надоместокот од уплатени придонеси за членовите со индивидуална сметка во Отворен доброволен пензиски фонд Сава пензија плус ќе изнесува 2,5%*, наместо досегашниот 2,9%**, а висината на месечниот надоместок кој се наплаќа од вредноста на нето средства на Сава пензија плус ќе изнесува 0,075%*, наместо досегашниот 0,10%**.

    За членови со професионални пензиски сметки, максималниот надоместок од уплатени придонеси ќе изнесува 2,5%*, наместо досегашниот 3,8%**, а висината на месечниот надоместок кој се наплаќа од вредноста на нето средствата на Сава пензија плус ќе изнесува 0,075%*, наместо досегашниот 0,10%**.

    Надоместок за премин** од еден во друг доброволен пензиски фонд

    Број на денови на членство ≤360 10 Евра во денарска противвредност
    Број на денови на членство > 360 не се наплаќа надоместок за премин

    За периодот 01.01.2021 до 31.03.2021 износот на трансакциски провизии/нето средства на фондот изнесува 0,003%. (вкупен износ на трансакциски провизии изнесува 40.390,56 мкд).*

    Нема намалување на надоместоци за постојано членство.

    Приносот на Вашата доброволна индивидуална сметка и/или професионална сметка е променлив и зависи од приносот на Вашиот доброволен пензиски фонд и од надоместоците наплатени од Вашето друштво кое управува со доброволниот пензиски фонд.

    Висината на надоместокот од уплатени придонеси и висината на месечниот надомест од вредноста на вкупните нето средства е променлива категорија. Во примена е надоместокот определен од Друштвото, кој е во рамките на максималната висина на надоместоците пропишани со Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично