ПОВЕЌЕ

    Отворена нова IuteCredit експозитура во Аеродром

    Време зa читање: 3 минути

    Вчера во скопската општина Аеродром официјално беше отворена новата 9-та по ред експозитура на IuteCredit.

    Новата експозитура, која е всушност четврта експозитура на IuteCredit во главниот град, се наоѓа на булеварот Јане Сандански во непосредна близина на трговскиот центар „Капитол“ и на граѓаните ќе им овозможи директно да се информираат и да аплицираат за најатрактивните брзи кредити на пазарот во Македонија.

    Ширењето на IuteCredit е пред сѐ одраз на позитивните резултати и големиот интерес на граѓаните за широкото портфолио на кредитни продукти кои компанијата ги нуди.

    На отворањето на новиот објект присуствуваше и најдобриот македонски рели возач и бренд амбасадор на IuteCredit, Игор Стефановски Иџе, а уште за време на отворањето беа одобрени првите кредити на клиенти во новата експозитура.

    Финансиското друштво IuteCredit нуди кредитирање на физички лица со суми до 180 000 денари и можност за отплата на 42 рати, како и наменски кредити за купување на производи и услуги во голема партнерска мрежа која опфаќа повеќе од 130 продажни места од различни индустрии.

    Покрај тоа, компанијата нуди и други специјализирани производи како кредит за пензионери до 75 години, кредит за рефинансирање на долгови во други финансиски друштва, како и Mastercard картичка која е единствена на пазарот и овозможува бројни поволности за плаќање со одобрениот кредит.

    Неодамна IuteCredit ја лансираше и мобилната апликација MyIute која е целосно бесплатна и на корисниците им овозможува најбрзо и наједноставно да аплицираат за кредит и да ги добијат средствата директно преку својот мобилен телефон.

    IuteCredit е дел од естонската групација AS IuteCredit Europe која во моментов е присутна во шест градови од Македонија и опслужува преку 70 000 клиенти. Освен во Македонија, IuteCredit работи и во Молдавија, Албанија, Босна и Херцеговина и Бугарија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично