ПОВЕЌЕ

    Окта со донација од 50.000 евра за Министерството за здравство

    Време зa читање: 2 минути

    Компанијата ОКТА преку донација на медицинска опрема во вредност од 50.000 евра ќе го поддржи здравствениот систем во справувањето со епидемијата предизвикана од вирусот САРС-КоВ-2. Компанијата веќе набави еден видео бронхоскоп и 16 инфузиони пумпи, апарати кои од Министерството за здравство беа посочени како неопходни во моментов. Целата набавена опрема деновиве ќе биде испорачана на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

    „Во време кога на глобално ниво е навистина тешко да се најде соодветна медицинска опрема, ние како компанија направивме напори да ги обезбедиме овие апарати во најкус можен рок. Борбата со вирусот не е обврска само на здравствените работници туку на сите чинители во општеството. Токму затоа, ОКТА како општествено одговорна компанија помогна директно на здравствениот сектор кој вложува огромни напори за справување со вирусот и за спасување на лицата заразени со COVID-19“, изјави Вук Радовиќ, главен извршен директор на ОКТА.

    ОКТА во целост ги почитува препораките на надлежните институции за превенција од ширење на корона вирусот и секојдневно го следи развојот на настаните, истовремено обезбедувајќи непрекинато снабдување со гориво на државата во овие моменти на криза.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично