ПОВЕЌЕ

    Оглас за избор на Директор во Комерцијална банка АД Скопје – Филијала Куманово

    Време зa читање: 3 минути

    Имаш лидерски способности и менаџерски вештини, сакаш предизвици и тимска работа и се идентификуваш со визијата и мисијата на Банката. Ти нудиме можност за остварување на твоите професионални цели и амбиции со вработување во Комерцијална банка која е финансиска институција со долгогодишна традиција и која гради стабилност, ефикасност и иновативност со успешен и посветен тим на професионалци.

    Аплицирај за:

    Работна позиција: Директор на Филијала Куманово

    Тип на вработување: На определено време од 24 месеци.

    Работно време: 40 часа неделно.

    Почетна основна нето-плата80.600,00 денари.

    Огласот важи до 21.06.2023 година.

     

    Работни цели и задачи:

    • Остварување на стратешките цели на Банката,
    • Развивање и унапредување на корпоративните вредности на Банката,
    • Спроведување периодични планови, одлуки, насоки и упатства на органите на управување,
    • Организирање на работата во Филијалата и во експозитурите во надлежност, како и непосредна контрола над работењето и преземање активности за континуирано унапредување на организацијата и на условите за работа,
    • Управување со вработените во Филијалата и во експозитурите во надлежност (делегирање и координирање работни задачи, работна дисциплина, стручно усовршување, едукација, тренинг, мотивација, евалуација на перформансите и сл.),
    • Развивање и унапредување на работната средина која овозможува професионален развој на вработените, максимална лична инволвираност и посветеност при извршување на работните задачи, колегијалност и тимски ангажман во постигнувањето на деловните цели на Филијалата.

     

    Потребни квалификации и способности:                           

    • Високо стручно образование со 240 ЕКТС кредити или VII-1 степен. Завршени додипломски или постдипломски студии на Економски факултет се сметаат за предност,
    • Работно искуство од најмалку 6 години,
    • Пожелно, но не е задолжително искуство од работење во банка во Р Македонија,
    • Познавање на прописите од областа на банкарството и/или финансиите,
    • Познавање на правилата за добро корпоративно управување,
    • Висок личен интегритет и одговорност кон работата,
    • Менаџерски и лидерски способности,
    • Комуникациски, организациски и аналитички вештини, ориентираност кон клиенти и резултати, способност за тимска работа и професионално однесување,
    • Познавање англиски јазик и работа со компјутери.

     

    Придобивки за тебе:

    • Пријатна и тимска работна атмосфера во современи работни услови,
    • Можност за личен и професионален развој, стекнување нови вештини и компетенции,
    • Доброволно приватно здравствено осигурување.

    Ова е одлична можност за тебе ако ги поседуваш потребните вештини, се препознаваш во овие вредности и имаш силна мотивација за успех.

    Пополни ја следната апликација или достави CV на [email protected] или на адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул.Васил Иљоски бр.3, 1000 Скопје, со назнака: „Oглас за избор на Директор на Филијала Куманово”.

    Телефон за контакт: (02) 3168-461

     На интервју ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.

    Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

    Напомена: Апликацијата ќе биде третирана како строго доверлива, согласно Законот за заштита на личните податоци. Со самото доставување на твојата апликација за работа согласен/а си твоите лични податоци да се обработуваат во процесот на селекција на кадри во период од 1 година.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично