ПОВЕЌЕ

    Оваа недела ќе се одржи 45. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка

    Време зa читање: 2 минути

    На 23 декември 2022 година (петок), со почеток во 14 часот, ќе се одржи 45. сесија на Клубот на истражувачите во просториите на Народната банка.

    На сесијата ќе биде презентиран трудот:

    „Оценка на кредитниот јаз со примена на мултиваријационен Ходрик-Прескот филтер. Случајот на Северна Македонија“ од Магдалена Петровска, Елена Мучева Михајловска и Артан Сулејмани.

    По презентирањето на трудот e предвидена дискусија.

    Народната банка објави повик до сите истражувачи коишто се заинтересирани да учествуваат на сесијата на Клубот да се пријават на е-адресата: [email protected], најдоцна до 22 декември 2022 година (четврток).

    Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

    На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.

    Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично