ПОВЕЌЕ

    Нов модел за субвенционирање во земјоделството

    Време зa читање: 2 минути

    Стариот систем на субвенционирање каде што земјоделците довиваа субвенции без обврска да прикажат доказ дека оствариле производство се заменува со нов модел.

    Со овој нов модел, сите земјоделци ќе треба да докажат дека имаат остварено и предадено производство за да ги добијат сите субвенции.

    По 15 години се воведува нов модел за субвенционирање во земјоделството. Производителите ќе мора да докажат дека имаат остварено и предадено род. Превидена е основна субвенција од 30 проценти авансно за одржување на земјиштето во обработлива состојба. Дополнителна поддршка ќе следува за производство на стратешките култури.

    Се воведува и нова мерка – бизнис-план за набавка на земјоделска опрема и производство на финални производи. Не е предвидено кратење на субвенции, туку поефикасна распределба и побрза исплата. Фокусот се става на стратешките култури.

    Со новиот модел на финансиска поддршка се очекуваат стабилно домашно земјоделско производство и намален увоз. Земјоделците за да ги добијат 100 процентите субвенции треба да имаат договор за предадено производство кај регистрирани, а не кај диви откупувачи. Со зголемување на контролата на терен, ќе се елиминираат и можностите за нерегуларности, пишува земјоделие.мк

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично