ПОВЕЌЕ

    Новогодишно изненадување за децата од Домот за доенчиња и мали деца – Битола

    Време зa читање: < 1 минутa

    Топлината на празниците е сѐ уште со нас и со задоволство се присетуваме на делата на нашите вработени кои донесоа насмевки кај дечињата.

    Оваа Нова година дечињата од ЈУ Дом за доенчиња и мали деца во Битола ја дочекаа со пријатно и слатко изненадување, кое им го приреди Синдикалната организација при Комерцијална банка АД Скопје. Во духот на традицијата, Сидникалналната организација овој пат донираше 40 новогодишни пакетчиња во Домот во Битола за да им донесе празнична радост на дечињата.

    Со оваа своја активност, Синдикалната организација повторно даде свој придонес и за уште поголем импакт на предновогодишната акција на Банката за донирање пакетчиња на деца од социјално ранливи групи граѓани.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично