ПОВЕЌЕ

    Нова функционалност на електронското банкарство на Комерцијална банка – мТокен за брзи и лесни електронски трансакции

    Време зa читање: < 1 минутa

    Ви го претставуваме мТокен! Нова и практична функционалност во бесплатната апликација мБанка, која служи за авторизација на трансакции во Интернет банка.

    мТокенот е бесплатна алатка која ги заменува листите со еднократни кодови преку кои се потврдуваат трансакциите во Интернет банка. Сега уште полесно и побезбедно може да ги извршувате финансиските трансакции, да поднесете барање за кредит или за кредитна картичка, да вршите промена на личните податоци и сите останати постапки преку електронската банка во кои е потребно да го потврдите својот идентитет.

    За да ја користите опцијата мТокен доволно е само да ја преземете бесплатната апликација мБанка на својот мобилен телефон или таблет од Google Play, App Store или Huawei AppGalery. Кај постојните корисници на мБанка, пак, опцијата мТокен ќе се појави со ажурирање на најновата верзија.

    Сите чекори за активирање и користење на мТокенот ви се објаснети во Водичот за мТокен.

    Со електронското банкарство на Комерцијална банка имате банка на дофат на рака!

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично