ПОВЕЌЕ

    НЛБ БАНКА СПОНЗОРИ НА ПРВИОТ СКОПСКИ ИЗВИДНИЧКИ ОДРЕД

    Време зa читање: 2 минути

    Секогаш со особено задоволство ги споделуваме вестите за нашите нови спонзорства и соработки со кои НЛБ Банка го оправдува своето активно учество и грижа за квалитетот на општествениот живот во нашта земја. Помошта и соработката кога е наменета за најмладите за нас претставува највисок чин на инвестиција во иднината, веруваме во безгрижно детство и храбра, спортски ориентирана и едуцирана младина, па затоа нашиот фокус многу често гравитира токму околу нив.

    Овојпат ја имавме честа да оствариме исклучитлно важна и возбудлива соработка со Првиот Скопски Извиднички Одред (ПСИО), која е најстарата младинска организација и најстар извиднички Одред во Република Северна Македонија. Наидовме на многу заеднички вредности кои НЛБ Банка ги негува со овој одред затоа без многу размислување си подадовме рака за уште едно значајно спонзорство благодарение на кое во изминатиот период активно и волонтерски се работеше на изработка на летната училница сместена во дворот на шумското школо – Извидничкиот дом „Чичко Боро“. Тој се наоѓа на 35 километри од центарот на Скопје, на планината Китка, Мала Река на 950 мнв. Сместен во живописен природен амбиент кој изобилува со густа шума, реката Мала Река која е притока на р.Кадина, многу патеки за хајкинг и планински велосипедизам.

    Летната училница, која се изработи со финансиска помош на НЛБ Банка, има изглед на „летниковец“ односно простор кој ќе биде користен за одржување едукативни работилници за време на престојот во планина, но и место каде ќе може да се седне да се јаде, игра и слично.

    Потребата од ваква отворена училница беше одамна предвидена, но заради ситуацијата со корона вирусот Ковид19 стана неопходност за непречено и безбедно одвивање на едукативни работилници на отворен

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично