ПОВЕЌЕ

    НЛБ Банка пријател на Ракометниот клуб Голден Арт

    Време зa читање: 2 минути

    Инвестирањето во младите спортски сили отсекогаш бил еден од главните приоритети на нашата Банка затоа што тие се сегашноста и иднината на спортот и двигатели на едно општество.

    НЛБ Банка заедно со Ракометниот клуб Голден Арт од самиот почеток се определи да инвестира во младите македонски ракометари, формирајќи селекции во сите возрасни категори, и на тој начин овозможувајќи им на нашите деца да се развиваат во секоја смисла, акумулирајќи искуство и вештини за сè што следи.

    Голден Арт во сезона 2021/22 зема учество во сите возрасни категории, стартувајќи од пионерска конкуренција за ракометари родени 2006 и помали, кадетска конкуренција за ракометари родени 2004 и помали и младинска конкуренција за ракометари родени 2002 и помали.

    И оваа спортска сезона НЛБ Банка ќе биде достоен партнер и ветер во грб за младите и потенцијални ракоменти сили на РК Голден Арт.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично