ПОВЕЌЕ

    НЛБ БАНКА ГО ЗАЈАКНУВА ТИМОТ НА УСПЕШНИ ПРОФЕСИОНАЛЦИ: Вработува проектен менаџер

    Време зa читање: 2 минути

    Направете го следниот чекор во Вашата кариера!

    НЛБ Банка го зајакнува тимот на успешни професионалци и нуди можност за вработување, во таа насока бараме високо мотивирана, организирана и иницијативна личност која ќе ја преземе улогата на Проектен менаџер.

    Доколку сте проактивни, креативни, имате добро професионално искуство со работење на проекти и сакате да бидете дел од тимот на НЛБ Банка кој секојдневно се соочува со предизвиците на подобрување на работните процеси преку имплементација на проекти, Ве мотивираме да се пријавите на отворено работно место Проектен менаџер.

    Улога во тимот:

    • Водење на проектите согласно проектна методологија;
    • Изработка на проект план, план за комуникација, дефинирање и доделување на задачи, поставување на контролни точки, тестирање на испорачаните решенија;
    • Планирање, менаџирање и следење на проектните активности со цел да се испорачаат на време и во рамките на буџетот, согласно на корисничките спецификации, потреби и квалитет;
    • Организирање и мотивирање на проектниот тим;
    • Следење на поставените рокови за завршување на активностите;
    • Подготовка и анализа на извештаи;
    • Редовно известување и информирање за работата, како и промоција на проектот и проектните цели во Банката.

    Вашиот профил:

    • Универзитетско образование
    • Работно искуство од 3 години во сегментот на управување со проекти;
    • Посетени или сертифицирани обуки за проектен менаџмент;
    • Познавање на scrum методологија ќе се смета за предност;
    • Одлично познавање на англиски јазик;
    • Аналитички способности и одлични комуникациски вештини, посветеност, лојалност и одговорност, тимско работење и кооперативност, eфективност и ефикасност;
    • Професионална етика, навремено и уредно завршување на задачите, и посветеност кон организациските цели и целите на проектот;
    • Проактивен начин на решавање на предизвиците, донесување одлуки и решавање конфликти;
    • Желба за работа во средина со високи барања.

    Твој мотив да ни се придружиш:

    • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
    • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
    • Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти; • Конкурентен пакет на плата и надоместоци;
    • Приватно здравствено осигурување.

    Заинтересираните кандидати своите апликации можат да ги достават на следниот линк со

    избирање на работната позиција или на [email protected] најдоцна до 14 Ноември (понеделник).

    Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за следните чекори до конечниот избор.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично