ПОВЕЌЕ

    НЛБ БАНКА ВРАБОТУВА: “Координатор за централизирана продажба”

    Време зa читање: 3 минути

    НЛБ Банка во рамки на својата стратешка определба го зајакнува својот тим на успешни професионалци во Секторот за развој на понуда и маркетинг и ви нуди можност за работа во динамична средина, стекнување на нови знаења и искуства
    како и можности за постигнување на дополнителни резултати. Отворената работна позиција е во сегментот продажба на банкарските продукти и услуги на Банката, ефикасно управување и збогатување на клиентската/партнерска мрежа на Банката преку детектирање на нови канали на продажба. Доколку сте заинтересирани да одговорите на предизвикот, Ве покануваме да се пријавите на отворената работна позиција:

    Координатор за централизирана продажба во Служба за централизирана продажба

    Твоите работни цели:
    • Унапредување на продажбата на широк спектар на продукти и услуги на Банката наменети за компании од малопродажниот сегмент;
    • Следење на динамиката на соработка и детектирање на можности за унапредување на степенот на соработка,
    • Проактивна посета и менаџирање на деловни релации со компаниите;
    • Градење, одржување и унапредување на односите со клиентите;
    • Промовирање на производите на Банката и можностите за нивно користење во продажниот процес на компаниите;
    • Подигнување на свесноста за користење на финансиски продукти како инструмент за плаќање;
    • Изготвување на извештаи околу продажбата и состојбата на пазарот.
    Твојот профил:
    • Универзитетско образование;
    • Претходно работно искуство од 2 години во сегмент на централизирана продажба на сервиси на електронска продажба, ПОС услуга, развој и унапредување на дигитални сервиси на Банката;
    • Развиени комуникациски и продажни вештини потребни за советување на клиенти и продажба;
    • Проактивен пристап, динамичност, иницијативност, мотивираност и насоченост кон реализација / исполнување на цели
    • Аналитички вештини и напредно познавање/користење на дигитални аналитички алатки;
    • Способност за тимска работа;
    • Изразена ориентираност кон клиентите и обезбедување на висок степен на задоволство кај клиентите;
    • Преференција кон извршување на работни задачи на терен;
    • Способност за работа во динамична околина и одговорен пристап кон целосна реализација на продажните цели;
    • Одлично познавање на англиски јазик како и стручно и напредно користење на MS Office.
    Твој мотив да ни се придружиш:
    • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
    • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
    • Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
    • Конкурентен пакет на плата и бенефиции.

    Заинтересираните кандидати своите кратки биографии можат да ги достават на следниот линк со избирање на работната
    позиција или на [email protected] најдоцна до 07.12.2021 година.

    Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју НЛБ Банка е работодавач кој нуди
    еднакви можности за сите. Најголем број од работните места во НЛБ Банка се пристапни за лица со физички попречености.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично