ПОВЕЌЕ

    На кого во Македонија му пречи крипто пазарот?

    Време зa читање: 3 минути

    Анализирајќи ја статистиката поврзана со криптовалутите, покрај другото има една интересна табела на земји каде е забранета криптовалутата биткоин. Меѓу останатите земји како Боливија, Алжир, Мароко, Еквадор, Бангладеш и уште неколку други, тука е и нашата земја. Ќе се сложите дека не е баш некое одбрано друштво за да бидеме активни соработници!

    Кај нас, прашањето на издавање, вложување и тргување со крипто-средствата не е регулирано, вклучително ниту во Законот за девизно работење (и неговите подзаконски акти) којшто го регулира и работењето со странство.

    Сепак и покрај нерегулираниот статус дигиталните валути земаат се поширок замав во светски рамки и интересот за нив се повеќе расте. Во моментов централните банки се само во улога на нем набљудувач на ситуацијата. Единствената порака која доаѓа од централните банки е за ризикот што го носат криптовалутите, но никој не нуди решение како да се регулира овој пазар.

    Во меѓувреме, крипто милјардерите се поактивни на листата на Форбс, а треската за тргување со дигитални пари не ја одмина ниту Македонија. Граѓаните се повеќе се впуштаат во тргување на криптопазарот ризикувајќи во трансакциите поврзани со купувањето, чувањето и разменувањето на крипто валутите без регулаторна поддршка и заштита на својата инвестиција.

    Додека регулторите размислуваат како да фатат чекор со новото време на дигитални пари, порталот pari.com.mk направи анализа како се движеше цената на најпопуларното криптовалута Биткоин и останатите дигитални пари низ годините.

    На графиконот подолу се гледа движењето на цената на биткоинот во период од 2013 година, до 23-ти април 2021. Трендот покажува дека 2017 година е клучна за размрдување на цената и нејзино движење нагоре. На крајот од 2017 го достигна тогаш неверојатното ниво од околу 16.000 УСД и со помали флуктуации се одржуваше на тоа ниво се до октомври 2020 година. До тогаш на пазарот имаше голем број на мали инвеститори, но пресвртот настана кога на сцена се приклучија големите корпорации. Цената драстично се зголеми до ниво кое надмина 60.000 УСД пред околу 10 дена. Она што е интересно за биткоинот е дека истиот е со “ограничено производство”, односно максималниот број на единици треба да се заокружи во наредните 5-6 години. Со влегувањето на големите инвеститори, а со тоа и нивните големи пропорции во вкупната маса, се претпоставува дека движењето на цената во голема мера ќе зависи од нивните продажби, а со тоа се зголемува и ризикот од голема волатилност.

    Од друга страна на крипто пазарот се појавуваат голем број на нови криптовалути чии вредности го задржуваат вниманието на инвеститорите.

     

    Заклучно со месец февруари, ова се криптовалутите што оствариле најголем пораст во својата вредност. Да, има голема несигурност во овој пазар, да, се користи за голем број на нелегални бизниси, перење на пари или даночни затајувања, но предизвик е  да се имаат функционални институции кои ќе најдат начин како да се изборат со сите нерегуларности, а истовремено ќе дозволат слободни пазарни услови.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично