ПОВЕЌЕ

    МКБ МИСА Струга однапред плати аконтации за данок на добивка за 2020 година во износ од околу 2 милиони денари

    Време зa читање: 2 минути

    МКБ МИСА СТРУГА како општествено одговорна компанија ја уплати аконтацијата за данок од добивка за цела 2020 година однапред. Износот од околу 2.000.000 денари се уплатува со цел да и се помогне на државата во овој кризен период, предизвикан од COVID-19.

    Маркетите МИСА работат со намален персонал поради препораките на Владата. Од 170 вработени, сега работат 145. Но, тоа не значи дека не се на ниво на задачата. Вработените ХРАБРО го  даваат својот максимум за што беа наградени за месец март за да можат граѓаните да бидат услужени, но и безбедни.

    Преземени се сите мерки препорачани од СЗО за дезинфекција и одржување на хигиената во маркетот, како и држење растојание помеѓу купувачите и избегнување на создавање гужви. МИСА ги почитува и препораките од Владата околу работното време. Преку недела маркетите се отворени до 19.30 часот, а за време на викендот поради дополнителните мерки и започнувањето на полицискиот час од 16 часот, ќе работи до 15 часот.

    Ова е позитивен  пример кој можат да го следат и останатите фирми кои се во можност. Инаку, од маркетите МИСА велат дека нема покачување на цените. Тие остануваат исти за основните животни намирници, на она ниво на кое биле на 11-ти март кога беше прогласена пандемија на COVID-19 од страна на СЗО. Цената на цитрусните овошја ќе се држи со маржа дадена со одлука од страна на Владата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично