ПОВЕЌЕ

    МЕПСО должи 15 милиони евра за преземање струја без дозвола за дневните потреби

    Време зa читање: 2 минути

    Македонија се соочува со недостиг на електрична енергија поради нејзино намалено производство, додека потрошувачка на струја е зголемена. Можни се рестрикции на струја во наредниот период или пак, количините што недостасуваат во електричната мрежа да се обезбедат на слободниот пазар, е најава со која МЕПСО непријатно ги изненади граѓаните на Македонија.

    Ова загрижувачко предупредување кое го најави генералниот директор на МЕПСО, Куштрим Рамадани, во интервју на Телма, го потврдува и податокот дека, за дневните потреби без дозвола, оваа Компанија земала струја од европската мрежа. За ваквиот ненајавен упад во европската мрежа МЕПСО досега добила четири предупредувања од центарот во Швајцарија. Досега за само еден месец таа должи околу 15 милиони евра, што може да доведе и до рестрикции и до зголемувањето на цената на струјата.

    -Ние оваа енергија треба да ја платиме. Знаејќи дека МЕПСО од преносната тарифа има вкупен годишен приход од 30 милиони евра, ние кога ќе ги платиме овие 15 милиони евра, ако бидат 15 милиони евра на крајот на месецот, ова ќе биде голем удар врз ликвидноста на МЕПСО. Ние апсолутно ги немаме тие средства на сметка за да можеме да ги исплатиме кон Европа – вели Рамадани.

    Од МЕПСО бараат Владата да ги покрие трошоците кон европската мрежа, а ЕСМ да обезбеди производство на електрична енергија од хидроелектраните, да ги вклучи и термоелектраните и сите останати реални капацитети за да се надмине енергетската криза во државата, за да не се случуваат рестрикции и во 21 век.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично