ПОВЕЌЕ

    МБА, НБ И КХВ ги поздравија учениците со најдобри резултати на европскиот квиз на парите и нивните ментори

    Време зa читање: 2 минути

    Во Македонската банкарска асоцијација (МБА) претседателката д-р Маја Стевкова- Штериева, заменик претседателот м-р Тони Стојановски, гувернерката д-р Анита Ангеловска-Бежоска и комисионeрот д-р Зоран Колев ги поздравија најдобро пласираните на овогодинешното издание на националниот натпревар за Европскиот квиз на парите и нивните ментори.

    На победниците – учениците од училиштето СУГС „Joсип Броз Тито“ – Скопје, Матеја Талеска и Дино Дановиц и менторката Емилија Величкова, второ пласираните Теона Митревска и Јани Јеренда од училиштето СЕПУГС „Васил Антевски Дрен” – Скопје и менторката Биљана Ниновска и третопласираните Марија Вчкова и Стефанија Сарафимова од училиштето СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци и менторката Јасминка Ризова им беа врачени сертификати и симболични награди.

    Европскиот квиз на пари е проект на Европската банкарска федерација за финансиска едукација на ученици од 13 до 15-годишна возраст, што Македонската банкарска асоцијација во соработка со Народната банка на Република Северна Македонија и Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија го организира  по четврти пат и е еден од најмасовните настани од натпреварувачко-едукативен карактер наменет за ученици, организиран во земјава изминативе неколку години.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично