ПОВЕЌЕ

    МАПАС и Пензиските друштва успешно го реализираа шестото издание на денови на финансиска писменост под мотото ,,Пензискиот систем, важен сегмент во социјалната сигурност”

    Време зa читање: 3 минути

    МАПАС и Пензиските друштва успешно го реализираа шестото издание на денови на финансиска писменост под мотото ,,Пензискиот систем, важен сегмент во социјалната сигурност”. Во координација со Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПАС и пензиските друштва, а во рамките на деновите на финансиска писменост под мотото – Пензискиот систем, важен сегмент во социјалната сигурност, беше посетена компанијата Кожувчанка.

    Беше организирана едукација и подигање на свесноста за реформираниот пензиски систем, каде менаџментот и вработените одблиску се запознаа со можностите и бенефитите од долгорочно штедење во доброволен пензиски столб.

    Притоа беше презентирана можноста за уплата на дополнителен пензиски придонес, која работодавачот може да им ја понуди на своите вработени како бенефиција, која ќе му помогне да ги задржи своите вработени кои му се особено важни за процесот и квалитетот на работата. Во рамките на едукацијата на присутните им беа објаснети и можностите за доброволно индивидуално штедење, кое во иднина ќе им овозможи повисок животен стандард.

    Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПАС и пензиските друштва ја посетија и компанијата „ЏАГАТАЈ КАБЛО ОТОМОТИВ ЕЛЕКТРИК СИСТЕМЛЕРИ” – ДООЕЛ, каде беше одржана едукативна презентација на дел од работниот колектив кои се ангажирани како инженери и ревизори. Во насока на промоција и подигање на свеста кај вработените од младата популација за придобивките на реформираниот пензиски систем со акцент на доброволното пензиско осигурување и можностите кои ги нуди истото, од аспект на индивидуално штедење или како ефикасна алатка за мотивација и наградување на вработените од страна на работодавците.

    Активностите во рамките на деновите на финансиска писменост имаше и во Прилеп, во просториите на Витаминка АД Прилеп каде беше одржана едукација за предностите и бенефитите од долгорочно штедење во доброволен пензиски столб, со цел подигање на свесноста за реформираниот пензиски систем.

    Вработените на оваа прилепска компанија имаа можност подетално да се информираат за можноста за индивидуално штедење, предностите и бенефитите од организирање и учество во професионални пензиски шеми за работодавачот и вработените, што во иднина ќе им овозможи повисок животен стандард и ќе придонесе за позадоволни вработени.

    Во текот на кампањата, МАПАС и пензиските друштва беа гости во Основното училиште “Александар Здравковски” Јегуновце, каде наставниците со насмевка ги пречекаа и внимателно слушаа за придобивките кои ги нуди реформираниот пензиски систем, особено доброволното пензиско осигурување, и како може да си обезбедат посигурни пензионерски денови. Едукативните презентации се дел од активностите на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување- МАПАС и пензиските друштва во рамки на шестото издание на Деновите на финансиска писменост, под мотото Пензискиот систем, важен сегмент во социјалната сигурност.

    извор фотографии: mapas.mk

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично