ПОВЕЌЕ

    Макпетрол си го сруши сопствениот рекорд на пазарот-приходот надмашен за 15,5 милиони евра

    Време зa читање: 6 минути

    Во првото полугодие од 2021-ва година, „Макпетрол“ АД – Скопје оствари вкупен приход во износ од 8,9 милијарди денари, кој е поголем од минатогодишниот за 928 милиони денари, односно остварен е раст од 11,65%, објави компанијата на Македонска берза.

    Приходите минатата година се евидентно пониски, а основна причина за падот на приходите е започнувањето на епидемијата, односно пандемијата предизвикана од заразата со вирусот Ковид–19. Како резултат на ширењето на заразата во државата се прогласи вонредна состојба и се воведе полициски час, а се затворија и граничните премини, аеродромите, туристичките и угостителски објекти. Мерките и рестрикциите, неизбежно, имаа големо негативно влијание и врз работењето на Друштвото во 2020-та и доведоа до значајно намалување на прометот со стоки и услуги, особено во првото полугодие од 2020-та година, односно во вториот квартал, што може да се забележи и од графиконот подолу.

    На квартално ниво вкупните приходи во 2021-ва година бележат постепена стабилизација, но истите сè уште не го достигнуваат пред-пандемското ниво и раст кои се забележуваат во 2019- та.

    Во структурата на приходите, најголем удел со 98,7% имаат приходите од продажба, од кои 96,7% се остварени преку продажба на домашен пазар, а само 2% се остварени преку продажба на странски пазар

    Порастот на приходите, споредбено со минатата година, во најголем дел се должи на зголемените приходи на мало за 19,7%, а истите учествуваат со 88,6% во приходите од продажба. Трендот на пораст на приходите на мало во извештајниот периодот, се должи на:

    • Зголемување на прометот со деривати за 12%;
    • Зголемување на прометот на останатиот малопродажен асортиман (ДАС) за 8%;
    • Значителното зголемување на прометот со метан за 245%.

    Наспроти нив, приходите на големо бележат пад, што во најголем дел е резултат на падот на продажбата на странски пазар за 8,3%. Истакнуваме дека негативниот тренд кај продажбата на странски пазар, односно извозот на млазното гориво, е резултат на воведените мерки за затворање на аеродромите, кои важеа како во вториот квартал на 2020-та, така и во првиот квартал на 2021-ва година.

    Вкупните расходи остварени во првото полугодие од 2021-ва година се во висина од 8,67 милијарди денари што претставува зголемување во однос на минатата година за 797,9 милиони денари или за 10,13%. Порастот во најголем дел се должи на зголемените расходи за набавна вредност на трговски стоки од 11,56%. Набавната вредност го следи трендот на приходите од продажба, што е неминовно со оглед дека истата во апсолутен износ е дел од приходите од продажба, односно зафаќа околу 85% од приходите. Расходите за набавна вредност на трговски стоки, односно набавните цени, се расходи врз кои Друштвото има лимитирано влијание. Истото се должи на регулирањето7 на најголем дел од набавните цени на нафтените деривати. Доколку набавната цена на одреден дериват не е регулирана, истата зависи од комплетно екстерни глобални фактори и движења, како што се цените на нафтените деривати на светските берзи и курсот на денарот во однос на доларот.

    На графиконот долу се прикажани движењата на расходите во илјади денари, со исклучок на набавната вредност, која е презентирана претходно.

    Како резултат на остварените приходи и расходи, на крајот на овој период, Друштвото оствари позитивни финансиски резултати искажани преку добивка пред оданочување во износ од 223,3 милиони денари која е поголема за цели 140,24%, односно, поголема за приближно 2,5 пати од остварената добивка минатата година кога изнесуваше 92,95 милиони денари. На графиконот подолу е прикажана добивката пред оданочување за првото полугодие во 2021- ва година, како и споредбата на позициите од билансот на успех со истиот период минатата година. Во истиот, со зелена боја, се прикажани позитивните движења, односно движења кои ја зголемуваат добивката, а со црвена боја се прикажани негативните, односно движења кои ја намалуваат добивката.

    Врз база на остварените резултати, можеме да заклучиме дека Друштвото, со големиот ангажман на менаџментот, како и на сите вработени, обезбеди услови за рентабилно работење на истото. Особено е важно да се истакне дека, со континуираното придржување до строгите превентивни здравствени протоколи, на сите локации на коишто Друштвото ги врши дејностите, во ниту еден момент не се загрози здравјето на вработените и здравјето на потрошувачите, а со самото тоа се овозможи непречено функционирање на Друштвото.

    • Исплатени дивиденди (вкупно и по акција);

    Друштвото во текот на периодот нема исплатено дивиденда. На XXV-тото Собрание на Акционери на Макпетрол АД Скопје, одржано на 26.05.2021, Друштвото донесе одлука бр. 0201- 28/2-3 за исплата на дивиденда за 2020-та година, во бруто-износ од 202.288.000 денари или 2.000 денари бруто по акција. Истата ќе се изврши најдоцна до 30.09.2021. Во табелата долу е прикажан дивидендниот принос во последните пет години.

    • Вложувања или продажба на материјални средства (недвижности, постројки и опрема) или значителен отпис;

    Во овој период извршени се вложувања во нетековни средства во износ од 125,9 милиони денари со што процесот на инвестирање во Друштвото продолжува и покрај предизвиците со кои е соочено поради Ковид-19 кризата.

    • Промени во кредитните задолжувања;

    Нема промени во кредитната изложеност поголеми од 30%, а Друштвото, за време на деловното работење во севкупниот извештаен период, не дошло во ситуација да има доспеани, а ненамирени обврски по кој било основ (кредити, обврски спрема добавувачи, јавни давачки и плати на вработени).

    • Исполнување на планот и очекувања за претстојниот период.

    Во извештајниот период остварената добивка е помала од планираната за 2021-ва година, а истото се должи на помалата реализирана капитална добивка во првото полугодие. Реализираната капитална добивка не е на планираното ниво поради пролонгирање на фазите за финализација на продажбата на акцијата во ГА-МА на Владата на Република Северна Македонија. Комплетирањето на фазите за финализација на продажбата и трансферот на сопственоста се очекува да се реализираат наскоро. Доколку се исклучи ефектот на капиталната добивка, Друштвото ја има остварено планираната добивка за првото полугодие и планот е надминат за 19,68%.

    Прочитај и: ПАРИ ИСТРАЖУВАШЕ: Најголемите 15 градежни фирми лани „изѕидале” 190 милиони евра приход

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично