ПОВЕЌЕ

    КХВ ја одобри емисијата на акции на Шпаркасе Банка заради спојување со Охридска Банка

    Време зa читање: 2 минути

    Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 113-тата седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Нора Алити донесе Решение со кое на “Шпаркасе Банка Македонија” АД Скопје и се дава одобрение да ја издаде  дваесеттата емисија на долгорочни хартии од вредност. Со дваесеттата емисија на акции, “Шпаркасе Банка Македонија” АД Скопје ќе издаде 1.054.681 обични акции со право на глас, со номинална вредност од 2.670 денари по акција, а во вкупен номинален износ од 2.815.998.270 денари.

    Дваесеттата емисија на “Шпаркасе Банка Македонија” АД Скопје се врши врз основа на Одлука за зголемување на основната главнина со емисија на обични акции со право на глас заради спроведување на статусна постапка – присоединување на Охридска Банка АД Скопје кон “Шпаркасе Банка Македонија” АД Скопје.

    Распределбата на акциите од оваа емисија ќе се изврши согласно одредбите на Спогодбата за присоединување, а врз основа на Решение за дозвола за статусна промена издадена од Гувернерот на Народната Банка на Република Северна Македонија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично