ПОВЕЌЕ

    КХВ позитивно одлучи по барањата на Стопанска банка АД Скопје и Брокерската куќа Еурохаус

    Време зa читање: < 1 минутa

    Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 153-та седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Нора Алити позитивно одлучи по барањата за измена на дозволите за работа на два овластени учесника на пазарот на капитал и тоа:

    1. Стопанска банка АД Скопје – Дирекција за работа со хартии од вредност и брокерско-посреднички услуги, повеќе да не ги извршува услугите: “управување со портфолио на хартии од вредност по налог и за сметка на индивидуален клиент” и “инвестиционо советување„ и

    2. Брокерската куќа Еурохаус АД Скопје да не ја извршува услугата “инвестиционо советување”.

    На седницата што се одржа на 8 јули, 2022 година, Комисијата за хартии од вредност даде согласност Филип Јаневски да биде в.д раководител (директор) на Службата за услуги со хартии од вредност при Деловниот сектор за финансиски пазари и средства во НЛБ Банка АД Скопје  за период до 30.09.2022 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично