ПОВЕЌЕ

    Кредитен референт- три позиции за пополнување во Стопанска банка

    Време зa читање: 3 минути

    Кредитниот референт е одговорен за навремено и квалитетно изготвување, поднесување и презентирање на кредитни предлози за постојни и нови компании до соодветните Кредитни одбори на банката, континуирано следење на кредитната способност, исполнување на договорните услови, а по потреба и директна комуникација со компаниите од сопственото кредитно портфолио. Навремено реагирање и известување до претпоставените и до соодветниот советник за корпоративно банкарство надлежен за директна комуникација со клиентите,  во случај на идентификување негативни сигнали кај компаниите, што би можело да го зголемат кредитиот ризик за банката, редовно следење на наплатата на достасаните побарувања од компаниите од своето портфолио, во соработка со советникот за корпоративно банкарство од Секторот за корпоративно банкарство и други активности поврзани со одржување на квалитетот и квантитетот на кредитното портфолио.

    Кандидатите треба да  ги исполнуваат следните квалификации:

    • Високо образование (студии по Економија или друга сродна област);
    • Предходно работно искуство во областа на изготвување на кредитни предлози ќе се смета за предност;
    • Одлично познавање на англиски јазик (пишан и говорен);
    • Задоволително владеење на Microsoft Office пакет;
    • Генерални познавања на Финансиски извештаи на компаниите (Биланс на успех и Биланс на состојба).

    Лични карактеристики:

    • Одговорна, креативна и комуникативна личност;
    • Подготвеност за работа под притисок и извршување на повеќе задачи во кратки временски рокови;
    • Желба и капацитет за брзо учење;
    • Прецизност и eлоквентност со рационален и едноставен пристап кон работите;
    • Висок личен интегритет и професионален однос кон работата.

    Зошто да ја изберете Стопанска банка АД – Скопје:

    • Конкурентна плата;
    • Приватно здравствено осигурување;
    • Можност за брзо постигнување високо ниво на усовршеност во областа на кредитна анализа

    Стопанска банка АД – Скопје е најстарата банка во земјата и лидер во банкарскиот сектор, која придонесува во одржување на стабилен банкарски ситем години наназад. Банката е дел од НБГ Групацијата од 2000-та година и благодарение на професионалноста на вработените и усвоените европски принципи на работа со години е најпрофитабилна и најуспешна банка во земјата.

    Работното време е 8 часа дневно или 40 часа неделно, со почеток од 08.00ч – 09.00ч до 16.00ч – 17.00ч

    Ве молиме да ја пополните нашата online апликација на веб страницата на Банката или Вашето CV (кратка биографија) на англиски и македонски јазик да го испратите најдоцна до 12. 10. 2022 година, на e-mail: [email protected], со назнака дека аплицирате за “Оглас – Кредитен референт“.

    Лица за контакт, Даниела Радевска и Дијана Милошовска Стојчевска на 02/3295-277.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично