ПОВЕЌЕ

    Која македонска банка прокнижи загуба од 145 000 евра во прв квартал од 2022

    Време зa читање: 4 минути

    Периодот 1.1.2022 – 31.3.2022 година се карактеризираше со намалено влијание на кризата од ковид-19 врз глобалните економски текови, со изразена неизвесност поврзана со конфликтот меѓу Русија и Украина, со проблеми во синџирите на снабдување и значителен раст на цената на енергенсите. Исправена пред новите предизвици, Стопанска банка а.д. Битола дејствуваше во насока на остварување на краткорочните финансиски и долгорочните стратешки цели, применувајќи флексибилен пристап кон промените во домашното и глобалното макроекономско опкружување.

    Финансиски перформанси на Банката

    Нето-приходите од камати за периодот 1.1.2022 – 31.3.2022 година се задржаа на релативно стабилно ниво, без поголеми апсолутни промени во однос на остварените во истиот период од претходната година, од причина што фокусот беше ставен на поголема наплата на кредити, подобрување на квалитетот на кредитното портфолио, зајакнување на ликвидните средства во услови на изразена глобална неизвесност и контрола на расходите по камати. Следствено нето-приходите од камати се пониски за само 2,20 милиони денари, односно 2,16 % споредено со остварените во периодот 1.1.2021 – 31.3.2021 година. Остварувањето на планот за првиот квартал од 2022 година во оваа позиција изнесува 85,15 %.

    Нето-приходите од провизии и надоместоци се пониски за 1,94 милиони денари, односно 2,61 % како резултат на нето-ефектот од зголемените приходи за 1,32 милиони денари и зголемените расходи за 1,91 милиони денари. На страната на приходите растот е главно генериран од провизии од кредитирање и картично работење, додека на страната на расходите најголема динамика на раст имаат расходите од работење со платежни картички. Остварувањето на планот за првиот квартал од 2022 година кај нетоприходите од провизии и надоместоци изнесува 85,87 %.

    Нето-приходите од курсни разлики не бележат значајни годишни промени во апсолутен износ, а планот за првиот кавртал од 2022 година е остварен со 76,01 %.

    Останатите приходи од дејноста се повисоки за 7,55 %, што е главно резултат на остварени повисоки капитални добивки од продажба на преземен имот. Реализацијата на планот за првиот квартал од тековната година е 65,01 %.

    Исправката на вредноста на финансиските средства, на нето-основа изнесува – 15,30 милиони денари и е поголема за 3,43 % споредено со издвоена исправка во првиот квартал од минатата година. Загубата поради оштетување на нефинансиските средства, на нето-основа изнесува -3,78 милиони денари и ги одразува издвоените загуби за оштетување на преземениот имот во согласност со регулативата на НБРСМ.

    Трошоците за вработените бележат зголемување од 2,27 % споредено со претходната година, додека планот за анализираниот период кај оваа позиција е остварен со 94,73 %. Останатите расходи од дејноста се повисоки за 16,12 %, а реализацијата на планот изнесува 87,20 %. Амортизацијата е зголемена за 15,39 % на годишна основа, а планот е остварен со 94,74 %. Одразувајќи ги движењата во приходните и расходните позиции, а особено проценките за квалитет на кредитното порфолио изразени преку исправката на вредност на нефинансиските средства, во услови кога субјектите во економијата се соочуваат со тешкотии во работењето поврзани со високите цени на енергенсите и тесните грла во синџирите на снабдување, финансискиот резултат на Банката е негативен во износ од 8,91 милиони денари.

    Промени во сметководствените политики и методи на вреднување

    Во периодот 1.1.2022 – 31.3.2022 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување.

    Дивиденди

    Предлог-одлуката за употреба и распоредување на остварената добивка по годишната сметка за 2021 година на Стопанска банка а.д. Битола ќе биде предмет на одлучување и усвојување на редовната годишна седница на Собранието на акционери.

    Вложување или продажба на материјални средства (недвижности, постројки и опрема) или значителен отпис (поголем од 30 % од вредноста на средството споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

    Недвижностите и опремата не бележат значајни промени споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи.

    Промени во кредитните задолжувања (намалувања или зголемувања поголеми од 30 % споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

    Обврските по кредити не бележат значајни промени споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи.

    Неревидирани финансиски извештаи на Стопанска банка а.д. Битола за периодот 1.1. – 31.3.2022 година се достапни на следниот линк: https://www.seinet.com.mk/?docID=58859

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично