ПОВЕЌЕ

    Комисија за берзански индекс: Ревидираните МБИ10 и ОМБ ќе се пресметуваат од 30 јуни

    Време зa читање: 2 минути

    Комисијата за берзански индекс изврши редовна ревизија на индексите МБИ10 и ОМБ.

    Притоа, елементи на индексот МБИ10 ќе бидат обичните акции издадени од Комерцијална банка АД Скопје, Гранит АД Скопје, Алкалоид АД Скопје, Макпетрол АД Скопје, Македонијатурист АД Скопје, Македонски телеком АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, ТТК Банка АД Скопје и УНИ Банка АД Скопје. Ова прозлегува од Методологијата за пресметување на индексот МБИ10.

    Согласно Методологијата за пресметување на Индексот на обврзници на Македонската берза ОМБ, Комисијата за берзански индекс определи дека елементи на ОМБ ќе бидат: обврзниците за денационализација – петнаесетта емисија (RMDEN15), обврзниците за денационализација – шеснаесетта емисија (RMDEN16), обврзниците за денационализација – седумнаесетта емисија (RMDEN17), обврзниците за денационализација – деветнаесетта емисија (RMDEN19), обврзниците за денационализација – дваесетта емисија (RMDEN20) и обврзниците за денационализација – дваесет и прва емисија (RMDEN21).

    По извршената ревизија, индексите со новиот состав ќе почнат да се пресметуваат од 30 месецов. Наредната, пак, редовна ревизија на индексите, ќе биде на 15 декември годинава.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично