ПОВЕЌЕ

    Комисијата за хартии од вредност ја усвои Програмата за работа за 2022 година

    Време зa читање: 2 минути

    Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на 132-та седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Нора Алити, а се одржа на 21.12.2021 година ја усвои Програмата за работа за 2022 година, во која се утврдени мерките и активностите за имплементација на престојната нова законска регулатива согласно ЕУ принципите и стандардите на финансиските пазари , како и за конкретно спроведување на Стратегијата за развој на финансискиот пазар.

    Поставените цели за 2022 година се движечката сила на промените и на развојот на пазарот на капитал , а тие накратко  се :
    – Активна и пасивна супервизија на овластените учесници на пазарот на капитал;
    – Надзор на имплементацијата за добрите корпоративни практики установени со Кодексот на корпоративно управување кај котираните компании кои се должни да постапуваат по Кодексот;
    – Поттикнување на издавање на општински обврзници и следење на зелената агенда преку поддршка на проекти кои значат заштита на животната средина;
    – Финансиска едукација преку утврдување на принципи и добри практики прифатливи за различни интересни групи;
    – Унапредување на експертизата на постојните вработени и регрутирање на соодветен стручен кадар за зајакнување на човечките капацитети;
    – Проактивна транспарентност и отчетност во работењето на Комисијата.

    Со успешната имплементација на вака утврдените цели во Програмата за работа за 2021 година  се очекува да се постигне:

    Прво, заживување на примарниот пазар на хартии од вредност, а со тоа и динамизирање на инвеститорскиот активизам,  како и соработка со сите заинтересирани субјекти за финансирање на своите проекти преку издавање на хартии од вредност и поддршка на зелената агенда;

    Второ, градење на кохерентен правен систем за пазарот на капитал со континуирано следење на релеватната домашна регулатива и мегународните принципи и стандарди и нивна соодветна примена заради јакнење на пазарниот интегритет и инвестициската сигурност;

    Трето, поголема финансиска писменост и инклузија преку ефикасна соработка со релевантните регулаторни тела, заради постигнување на висок степен на знаење при носење на информирани инвестициски одлуки од учесниците на пазарот на хартии од вредност.

    Инаку, во 2021 година, КХВ успешно ја реализираше Програмата за работа со над 85 проценти остварени активности.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично