ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка со засадување 50 дрвја во Скопје ја обележа успешната реализација на GEFF програмата

    Време зa читање: 2 минути

    Комерцијална банка ја обележа успешната реализација на GEFF програмата за финансирање на зелената економија во Западен Балкан со засадување дрвја во Скопје. Педесет дрвја од видот каталпа се донација од Европската банка за обнова и развој, Европската Унија, Австрија и од четири банки од земјава, меѓу кои е и Комерцијална банка, а се израз на нивните стремежи за позеленување на градот Скопје.

    Донацијата е дел од Програмата за финансирање на зелената економија на Западен Балкан (Western Balkans Green Economy Financing Facility – GEFF), која ги поддржува домаќинствата за инвестиции во подобрување на енергетската ефикасност. Програмата досега поддржа 2.500 домаќинства во Северна Македонија.

    „Комерцијална банка е горда на своето учество во реализацијата на ГЕФФ Програмата со кредитна поддршка за домаќинствата да ги намалат потрошувачката на енергија и загадувањето на животната средина. Придонесот на Банката е значаен бидејќи има за цел да создаде подобар свет за сегашните и идните генерации и за да ја сочува планетата Земја”, изјави д-р Маја Стевкова Штериевa, Главен финансов директор и член на Управниот одбор на Комерцијална банка.

    Анди Аранитаси, претставник на ЕБОР за Македонија, изјави дека подобрувањето на енергетската ефикасност води кон помало користење на енергија, помали сметки, и општо земено, подобар квалитет на живот.

    „Драго ни е што домаќинствата во Македонија имаа можност да ги почувствуваат бенефитите од GEFF Програмата. Македонија покажа голем интерес за инвестирање во технологии за енергетска ефикасност, со над 18 милиони евра потврдени инвестиции во изминативе четири години“, истакна Аранитаси и се заблагодари на сите партнери на проектот.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично