ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка се приклучи на кредитно-гарантната шема на Развојната банка вредна 15 милиони евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    Комерцијална банка АД Скопје потпиша договор за издавање портфолио гаранција од Гарантниот фонд на Развојната банка на Република Македонија, со што се приклучи на кредитно–гарантната шема со која се ставаат на располагање 15 милиони евра во гаранции кон банките и штедилниците заподдршка на кредитирањето на микро, мали и средни компании.

    Во рамките на оваа портфолио гаранција од Гарантниот фонд, Комерцијална банка може да вклучува кредити дадени на микро, мали и средни компании до максимален износ од 30.750.000 денари и со рок на враќање до осум години, а кои се наменети за основни и обртни средства.

    Со учество во оваа кредитно–гарантна шема, Комерцијална банка продолжува да биде сигурен партнер на стопанството со  зголемена понуда на кредити за основни и обртни средства и со овозможување уште поповолни услови за финансирање на тековните и инвестициските активности на микро, малите и средните компании со цел да го поддржи нивниот раст и континуираниот развој на целокупната економија во земјата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично