ПОВЕЌЕ

    Комерцијална Банка: Пресметката за данок на доход од дивиденда исплатена во 2020 година достапна и на www.banka.com.mk

    Време зa читање: < 1 минутa

    Комерцијална банка ги потсетува своите акционери (физички лица–резиденти) кои во исто време се и корисници на електронско банкарство на Банката дека имаат можност откако ќе се најават на www.banka.com.mk на едноставен и брз начин да ја симнат Пресметката на данок на доход од дивиденда исплатена во 2020 година. Пресметката се наоѓа во главното мени, на линкот „Персонален данок“.

     

    На акционерите-физички лица кои не се корисници на електронско банкарство на Банката, Пресметката на данок на доход од дивиденда исплатена во 2020 година веќе им  е доставена во печатена форма по пошта. За овие акционери овозможена е и услугата за препечатување на Пресметката на сите шалтери на Банката. Пресметката се издава во истиот момент, само со приложување документ за лична идентификација на акционерот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично