ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка ги намали каматните стапки на орочените депозити

    Време зa читање: < 1 минутa

    Почнувајќи од 01.03.2020 година, Комерцијална банка АД Скопје ги намалува каматните стапки на орочените денарски депозити на правни лица со фиксна каматна стапка (за договори склучени по 01.10.2017 година) во висина од 0,01 до 0,48 процентни поени. На орочените денарски депозити на правни лица со прилагодлива каматна стапка (за договори склучени пред 01.10.2017 година), намалувањето изнесува од 0,01 до 0,50 процентни поени.

    Исто така, Комерцијална банка АД Скопје ги намалува фиксните и прилагодливите каматни стапки на штедните влогови за физички лица, и тоа: во МКД од 0,01 до 0,25 процентни поени во рочности од 3 месеци до 36 месеци, како и во ЕУР од 0,01 до 0,35 процентни поени во рочности од 1 месец до 36 месеци.

    Промената на каматна стапка кај договорите со фиксна каматна стапка ќе се применува по истекот на рокот за орочување кај веќе постоечките договори.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично