ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка – лидер во инклузивност на жените во деловното работење

    Време зa читање: 2 минути

    Корпоративниот свет е силно посветен на мисијата за поголема инклузивност на жените во менаџерските структури и во вкупното работење со цел обезбедување полова рамноправност, финансиска независност на женската популација, почитување на женските права и препознавање на знаењето и способноста на жените да придонесат за подобар и попросперитетен свет. Зародишот и суштината на глобалното одбележување на 8 Март како Меѓународен ден на жената од самиот почеток е токму во потребата и определбата да се признае способноста на жената да го даде својот придонес за личен, корпоративен и општествен прогрес.

    Комерцијална банка е горда на својата корпоративна култура и стратегија во која овие вредности се силно застапени. Тоа резултира со бројна застапеност на жените во менаџерските позиции и во вкупниот број вработени. Банката може да се пофали со фактот дека 14 години во највисокото управно тело, Управниот одбор, функцијата Главен финансов директор ја извршува жена. Двајца од вкупно шест члена на Надзорниот одбор се жени. Во поширокиот менаџмент на Банката, 70,6% од менаџерските функции ги извршуваат жени. А, во вкупниот број вработени, 68,1% исто така се жени.

    Нивниот придонес за работењето се манифестира преку успешните финансиски резултати на Банката, но и преку можностите за професионален развој кој им ги пружа Банката, а кои жените амбициозно ги прифаќаат и применуваат во секојдневното работење. Затоа Комерцијална банка е препознаена како еден од лидерите во македонската деловна заедница, кој ја охрабрува инклузијата и разноликоста во своите работни тимови.

    Банката останува на својата определба да се грижи за половата еднаквост во корпоративниот свет. Комерцијална банка останува и пример кој ќе го промовира значењето на професионалната кариера и лидерството на жените како непобитен фактор за напредок на општеството.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично