ПОВЕЌЕ

    Комерцијална банка ги промени каматните стапки на депозитите на граѓаните

    Време зa читање: < 1 минутa

    Почнувајќи од 01.05.2022 година Комерцијална банка АД Скопје ќе изврши промена на каматните стапки на депозитите на физички лица, и тоа:

    • фиксните каматни стапки на денарските депозити со рок на орочување од 36 месеци, се зголемуваат за 0,15 п.п.;
    • фиксните и прилагодливите каматни стапки на девизните депозити во валута ЕУР со рок на орочување од 24 месеци и 36 месеци, се намалуваат за 0,1 п.п.;
    • Фиксните и прилагодливите каматни стапки на девизните депозити во валута АУД се намалуваат за 0,05 п.п. со рок на орочување од 1 месец, односно за 0,1 п.п. кај сите останати рочности.

    Промената на каматната стапка кај веќе постоечките договори со фиксна каматна стапка ќе се применува по истекот на рокот за орочување, односно на денот на реорочување на секој поединечен влог.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично