ПОВЕЌЕ

    Комерцијална Банка ги зголеми лимитите на мобилната апликација за правни лица – мБанкаКо

    Време зa читање: < 1 минутa

    Почнувајќи од денес Банката изврши зголемување на лимитот по налог и дневниот лимит по сметка по сите Овластени лица, при пренос на средства со налог за безготовинско плаќања ПП30 со Мобилна апликација – мБанкаКо, и тоа:

     

    • лимит по налог од 300.000,00 МКД на 600.000,00 МКД
    • дневен лимит по сметка по сите Овластени лица од 1.000.000,00 МКД на  6.000.000,00 МКД

     

    Лимитите се применуваат за Вашата сметка по сите Овластени лица кои за Вашата сметка имаат претплата за потпишување трансакции преку мобилната апликација мБанкаКо. Налогот за безготовинско плаќање ПП50 – кон буџетски корисници и налогот за интегрирана исплата ПП53 не влегуваат во пресметката на дефинираните лимити.

    Широкиот спектар услуги преку бесплатните веб и мобилни апликации Интернет банка и мБанкаКо се достапни 24 часа на ден преку Вашиот компјутер или мобилен телефон од кое било место на кое имате пристап до Интернет, стои во известувањето.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично