ПОВЕЌЕ

    Комерцијална Банка АД Скопје со добивка од приближно 30 милиони евра во 2019 година

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во 2019 година Комерцијална Банка АД Скопје оствари нето добивка за финансиската година во износ од 1.806,8 милиони денари што е зголемена за 1,5% во однос на претходната 2018 година.

    Нето-приходите од камата изнесуваат 2.403,5 милиони денари  и истите бележат намалување од 2,7% во однос на  минатата година.

    Нето приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 947,2 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година бележат зголемување од 8,0%.

    Останатите приходи од дејноста на Банката изнесуваат 819 милиони денари и бележат намалување како резултат на помалку реализирани приходи од капитални вложувања и капитална добивка од продажба на преземен имот.

    Загубата поради оштетување на нефинансиските средства на нето основа заклучно со крајот на годината изнесува 4,5 милиони денари, што е значително помалку во споредба со минатата година.

    Целосниот финансиски извештај се наоѓа на следниов линк.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично