ПОВЕЌЕ

    Колку од вас ги памтат чековите?

    Време зa читање: < 1 минутa

    Благодарение на развојот на технологијата, кредитните картички се најчест начин за префрлување на парични средства, од едно лице на друго.

    Младите генерации можеби не памтат, но пред 15-20 години, чековите можеа да бидат видени во продавници, на влез во канцеларии и во се поголема мера луѓето ги носеа во новчаници.

    За разлика од кредитните картички, на кои што може да се интегрира современа и безбедна технологија, чековите биле често пати злоупотребувани. Голем број на луѓе ќе го поминат животот без да имаат потреба да користат, или па да имаат прилика да видат чек. На пример Данска, во 2017 ги укина банкарските чекови. Големи се шансите во иднина тие и да не бидат во употреба во повеќето држави.

    Но денес, чековите сеуште се користат низ светот, но со далеку помал интензитет. Тие за прв пат се појавиле во родното место на банкарството, Италија. А најпопуларни биле во 19ти век, како доминантен начин на плаќање.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично