ПОВЕЌЕ

    Кои пасоши најмалку вредат во светот?

    Време зa читање: 2 минути

    Македонскиот пасош е 43 по ред највреден на светот, а зад нас во регионот е Црна Гора, додека Србија е на 36 место по вредност на патната исправа. Од друга страна, Хрватска и Словенија се најдоа на листата 16-ти и 11-ти по ред. Од соседството Грција е на високото осмо место чии граѓани може да влезат во 186 земји. Бугарија е на 16-то место (173) земји.

    Организацијата која се занимава со проценка на пасошите, „Хенли пасош индекс“, на својата веб-страница ја објави најновата листа на моментално највредните пасоши во светот, чии граѓани имаат најголема корист кога патуваат на глобално ниво.

    Според оваа лисат, најмалку вредни пасоши се на Авганистан чии граѓани може да влезат само во 26 земји, Ирак (28) земји, Сирија (29), Пакистан (32), Јемен (33), Сомалија (34), Палестински територии (32), Непал (38, Северна Кореја (38).

    Од друга страна највредниот пасош во светот е јапонскиот, чии граѓани можат да влезат во 193 земји без виза, по што следат Сингапур (192), јужнокорејскиот и германскиот (по 191), потоа италијанскиот, финскиот и шпанскиот и луксембургскиот (190).

    Американскиот пасош е на седмото место, заедно со уште четири други земји, а Американците можат да влезат во 187 земји низ целиот свет.

    Руските граѓани можат да влезат во 118. земја без виза, а нивниот пасош е на 48. место.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично