ПОВЕЌЕ

    Клучни поенти од априлскиот промет на Македонска берза

    Време зa читање: 2 минути

    Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.04 – 30.04.2021 година вкупниот промет изнесувал 686.557.257 денари и е намален за 9,37 отсто во однос на месец март. 

    Класичното тргување изнесувало 530.254.240 денари и е зголемено во однос на март за 24,97 отсто кога изнесувало 424.295.968 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 509.908.506 денари и обврзници во вредност од 20.345.734 денари

    Блок трансакциите во април изнесувале 156.303.017 денари и се намалени за 53,09 отсто во однос на март.

    Бројот на трансакции во април изнесувал 1.681 и е зголемен за 14,67 отсто во однос на март кога изнесувал 1.466.

    Aкциите на Реплек АД Скопје во месец април 2021 година се со промет од 115.559.659 денари или 1.875.489 евра и го заземаат првото место на најтргувани акции на официјалниот пазар за месец април. Потоа следат акциите на Гранит Скопје и и третото место го зазема Комерцијална банка АД Скопје.

    Според количината на истргувани акции, апсолутен лидер е Гранит Скопје со 84.603 истргувани акции, каде просечна цена по акција изнесувала 1.106,78 денари.

    Месечниот статистички билтен за април 2021 година можете да го погледнете тука.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично