ПОВЕЌЕ

    Караванот на Халкбанк „Приказни од моето маало“ го посети Штип

    Време зa читање: 3 минути

    Караванот „Приказни од моето маало“ вчера ги посети учениците во ОУ „Ванчо Прке“ во Штип. Низ едукативно-креативни работилници ги слушнавме приказните од градот под Исарот, се дружевме со креативните деца и ја разгоривме нивната креативност и фантазија.

    За големата културна оставштина на видните штипјани, како и за креативниот потенцијал на младите генерации кои ја носат иднината на овој град, лично се уверивме од нивните творби, но и од гордите наставници од училиштето – домаќин.

    Серијалот „Приказни од моето маало“ е славење на детската креативност и фантазија, преку уметноста и теми кои се важни за денешните деца: борба за здрава животна средина, инклузија, прифаќање, право на квалитетно образование и важноста од читањето книги и приказни. За тимот што стои зад овој проект сите приказни се важни, посебно оние од и за децата.

    -Среќни сме што идејата за „Приказни од моето маало“ се развива од големиот интерес и одобрување пред се’ на децата, а потоа и од возрасните – родителите, наставниците, педагозите. Штипјани беа одлични домаќини и среќни сме што заедно со нив испишавме нова страница од нашите Приказни. Следната епизода е можеби токму во вашето маало  – вели Маја Наумовска Савеска од Халкбанк АД Скопје.

    Ментори на работилницата во Штип беа уметниците Софија Семенпеева Трајановска и Кристијан Јованоски од Центарот за визуелна комуникација „Ефектива“. Тие со учениците работеа на односот меѓу емоциите и боите, користењето различни сликарски техники и различни материјали во визуелното и креативно изразување. Прекрасните творби на кои учениците го нацртаа своети маала, беа поставени во галерија под отворено небо, во убавиот училиштен двор.

    Посебно весел момент беше средбата и искрените прегратки од децата за љубопитното слонче Халки, водачот на овој патувачки караван

    Во знак на благодарност за убавата соработка, Халкбанк на ОУ „Ванчо Прке“ му донираше училишна опрема, реквизити и книги за училишната библиотека.

    13,495Следи нè на facebookЛајк

    слично