ПОВЕЌЕ

    Како да тргувате на Македонската берза?

    Време зa читање: 2 минути

    Сите знаеме дека паметно тргување со акции може да ни донесе значителни примања. Вредноста на компаниите варира и е волатилна. Постојат неколку прилики во текот на годината, кога е паметно да се купи, и паметно да се продаде. Како и берзите во целиот свет, така и Македонската берза ги следи светските трендови. Постојат компании во нашата земја кои долго време котираат на пазарот и претставуваат сигурна долгорочна инвестиција.

    Дали знаете како започнува процесот за тргување на Македонската берза?

    Најпрво, мора да одберете членка на берзата, односно овластена банка или броќерска куќа која ќе инвестира во ваше име. Само тие членки преку нивните брокери имаат пристап до системот за тргување.

    Следниот чекор е потпишување на Договор за купопродажба на хартии од вредност. Потоа, мора да дадете налог за купување односно продавање на акции или обврзници. Тоа може да го напраивте директно во просториите на членката или налозите можете да ги дадете и електронски преку апликацијата e-trader. Вашиот брокер кој ќе ве претставува е должен да го изврши дадениот налог во ваш најдобар интерес. За секоја склучена трансакција ќе добиете извештај со детална пресметка.

    Движењето на цените на хартиите од вредност можете да ги следите преку интернет страницата на Македонската берза, www.mse.mk и апликациите e-trader и bestnet.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично