ПОВЕЌЕ

    ИутеКредит Македонија со поддршка за младиот математичар Дамјан Давков

    Време зa читање: 2 минути

    Младиот математичар од Штип, Дамјан Давков е вистинска инспирација со сите успеси кои ги постигнал на само 13 години на домашно, но и на интернационално ниво. И покрај огромниот талент, скромноста се чини доминира кај ова генијално момче. ИутеКредит Македонија, мотивирана од исклучителноста на Дамјан одлучи да го поддржи во неговите сегашни и идни достигнувања и во подготовките за нив.

    Дамјан го посетивме во неговиот роден град Штип кадешто во неформална атмосфера поразговаравме за неговите досегашни успеси, предизвици и планови. ИутеКредит Македонија е компанија која се стреми да внесе иновативни технологии во своето работење и ја разбираме важноста на младите талентирани луѓе во градење на едно современо и успешно општество.

    Сметаме дека Дамјан заслужува да ја добие целата потребна поддршка за да може уште повеќе да го развива својот талент и да биде уште поуспешен.

    Нашата заедничка приказна ја започнавме со подарок лаптоп за Дамјан, а остануваме на располагање за сé што ќе му биде потребно во иднина.

    Му посакуваме многу успеси и многу освоени награди!

    ПР Објава

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично