ПОВЕЌЕ

    ИутеКредит Македонија – еден од донаторите на новата сензорна соба за деца со посебни потреби во ООУ „Димитар Поп-Георгиев Беровски“ во Скопје

    Време зa читање: < 1 минутa

    Тргнувајќи од тоа дека секој ученик заслужува најдобри можности и услови за учење, ИутеКредит Македонија го поддржа проектот „Биди Ин, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран” и беше еден од донаторите на новата сензорна соба наменета за децата со посебни потреби во ООУ „Димитар Поп-Георгиев Беровски“ во Скопје.

    Новата сензорна соба, која беше пуштена во употреба денес, е опремена со најсовремени средства, наставни помалага, модели и постери кои ќе придонесат за подобри услови за учење и подобра иднина на учениците со посебни потреби во ова основно училиште.

    На отворањето на сензорната соба присуствуваа Јасмина Апостолоска – претставник на „IuteCredit“, Бранка Џајковска – претставник на проектот „Биди ИН“, како и претставници од општината Ѓорче Петров.

    ПР Објава

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично