ПОВЕЌЕ

    ИутеКредит Македонија донираше кревети за физикална терапија на Универзитетска Клиника за физикална медицина и рехабилитација во Скопје

    Време зa читање: < 1 минутa

    ИутеКредит Македонија денес ја посети Универзитетската Клиника за физикална медицина и рехабилитација во Скопје каде беа донирани два специјални кревети за физикална терапија наменети за пациенти со отежнета подвижност.

    Донацијата ја примија вработените во Клиниката кои велат дека специјалните кревети значително ќе им ги олеснат напорите при обезбедување на неопходна здравствена нега на пациентите на кои таа им е потребна.

    Со оваа донација, ИутеКредит Македонија уште еднаш го потврдува својот статус на општествено одговорна компанија која се грижи за потребите на граѓаните и општеството во целост.

    Претходно, компанијата донираше над 10.000 заштитни маски, униформи и пулс оксиметри на Клиниката за гастроентерохепатологија и Клиниката за детски болести при Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

    ИутеКредит Македонија ќе продолжи и во иднина да биде партнер за поддршка на здравствените институции во Македонија.

    ПР Текст

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично