ПОВЕЌЕ

    ИутеКредит доделува целосна стипендија за постдипломски студии на Универзитетот Американ Колеџ

    Време зa читање: < 1 минутa

    И оваа година ИутеКредит Македонија доделува целосна стипендија за постдипломски студии на Факултетот за деловна економија и организациони науки, насока Финансии и Банкарство (ACBSP акредитирана).

    Стипендијата е за академската година 2022/2023, а може да аплицираат сите заинтересирани студенти кои ги исполнуваат следниве критериуми:

    • Претходен успех на студентот (просек 8)
    • Остварени 240 ECTS поени,
    • Краток есеј (500 зборови) на тема: The advantages and challenges of Fintech Revolution (есејот треба да биде напишан на англиски јазик).

    Во ИутеКредит Македонија веруваме дека квалитетното образование отвора огромен број можности за професионална реализација на младите луѓе и затоа би сакале да овозможиме и оваа година наш стипендист да биде дел од Универзитетот Американ Колеџ.

    Конкурсот за стипендија ќе биде отворен од 28.09.2022 год. до 13.10.2022 год.

    Испратете ги Вашето CV, мотивационо писмо, уверенија и краткиот есеј на следниот мејл: [email protected].

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично