ПОВЕЌЕ

    ИСТ ГЕЈТ МОЛ домаќин на првиот KOLORRUN 2022

    Време зa читање: 2 минути

    Во Скопје на 18 Септември 2022, за прв пат ќе се организира КОЛОР РАН 2022, чиј домаќин и организатор е Ист Гејт Мол и атлетскиот клуб KORRUNNERS, која ќе се одвива на патеката долж реката Вардар.

    Досега на трката се пријавени над 1500 граѓани на трите потези: ТРКА УНИКА – професионална трка од 10км за спортисти со кондиција кои ќе трчаат долж реката Вардар, ТРКА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – рекреативна стаза од 2,5км која е наменета за тим билдинг, како и детска трка од 500 метри која е новитет во која се вклучуваат и најмалите деца на возраст од 3-6 и 7-12 години.

    Осигурителната компанија Уника, и Комерцијална Банка се главните партнери на овие трки.

    Стартот на трката ќе биде пред Ист Гејт Мол, а финишот ќе биде со трчање низ самиот центар кој дава уникатна маестралност. За сите учесници, тркачи и публика следи голема забава со диџеј, многу дружење со лотарија и вредни награди во амфитеатарот на Ист Гејт Мол.

    Скопје Ист Гејт е општествено одговорна компанија чија мисија е да го унапредува стандардот на живеење, работење. Една од овие компоненти е мотивацијата за спортување и градењето на здрави навики кај луѓето. Ист Гејт Мол се јавува во улога на ко-организатор на КОЛОР РАН, која ќе прерасне во традиционална трка каде ќе може да учествуваат професионалци, рекреативци како и целото семејство.

    Краен ден за пријавување е 12.09.2022, на овој линк:

    https://eastgatemall.mk/event/kolorrun-2022-powered-by-east-gate-mall/

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично